| четврток, 6 декември 2018 |

Ние сме народот на Македонија и имаме право да одлучуваме за тоа каква држава ќе имаме

ilievski-damovski (1)

„Граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија“ и денеска продолжи со активностите. На рекреативен начин со велосипеди го одбележаа денешниот протестен марш, движејќи се од Градскиот Парк до пред Собрание каде што ги повторија нивните барања, а за од утре најавија продолжување на нивните активности.
-Стотина илјади граѓани во текот на минатата недела масовно излегоа на улиците да ја поддржат нашата иницијатива за Заедничка Македонија и сме им многу благодарни. Tоа е огромна доверба кон она за што ние се бориме, она што го застапувамеm но и обврска да продолжиме уште посилно во наредниот период, по енергично, по одлучно кон остварување на нашите цели. Им се обраќаме на политичките партии да не се обедуваат одредени политички елити кои ја прифатија Тиранската платформа повторно да ја вратат на мала врата, односно да го изманипулираат народот за да си ја остварат својата цел, рече Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива.

Тој нагласи “ние овде сме народот на Република Македонија и имаме право да одлучуваме за тоа каква држава ќе имаме“.

-Навредите кои што ги упатуваат кон нас не прават уште поодлучни, нивните измислени лаги уште посилни да истраеме се до конечно остварување на нашите барања. Откажување од Тиранската платформа и од нејзината содржина и формирање на нова Македонска платформа тука во Скопје. Не за програма на влада која не ја добила поддршката на Парламентарни избори и не за двојазична држава, не за бинационална држава, туку да за мултиетничка Македонија. Од утре, понеделник продолжуваме со редовните активности, веќе втор викенд по ред имаме послободна програма, вметнуваме и елемент на рекреација, се надевам и времето ќе ни се подобри во иднина, наредниот викенд ќе бидеме уште повеќе и уште подобро организирани, меѓутоа сме презадоволни од текот на настаните до сега и од утре продолжуваме помотивирани и поенергични, рече Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top