Едно од најдобрите високи крила во НБА-лига, ЛаМаркус Олдриџ се соочува со големи здравствени проблеми. Сан Антонио на својата официјална страница соопшти дека поради аритмија на срцето, тој ќе биде надвор од терените се додека не се направат потребните испитувања.
Американските медиуми објавија дека Олдриџ и претходно имал проблем со срцето. Во текот на неговата прва сезона му било дијагностициран „Синдром Волф-Паркинсон-Вајт“. Станува збор за вродена и ретка срцева болест која предизвикува голем пулс и неправилно работење на срцето.
ЛаМаркус Олдриџ оваа сезона има просек од 17,3 поени, 7,4 скока и една блокада. Пет пати се најде во Ол-стар составот, двапати беше избран во втората најдобра петорка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.