Илија Несторовски денеска полни 27. роденден, а му се погоди прославата да му ја зачини гостувањето на една од најдобрите екипи во Италија, Рома.
Македонскиот репрезентативец експресно ги освои срцата на навивачите на Палермо, а ги повика вечерва да дојдат на стадионот „Ренцо Барбера“ за да помогнат да се победи фаворитот од Рим. Натпреварот е закажан за 20,45 часот.
– Вечер ве чекам на стадион, Да му дадете поддршка на клубот. Форца Палермо – напиша, најдобриот стрелец на Палермо.
Вистински шлаг на роденденската торта за него би бил, да ја затресе мрежата на „римската волчица“ и Палермо да слави победа против големиот фаворит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Дејан Ангеловски, музичар: Секое место е посебно на некој свој начин, но Источна Европа е мојот омилен дел од светот
-
„Јавна соба“ слави три години постоење
-
Боки славеше роденден, Лила му дојде по танга (ФОТО)