Новото 24. коло во Бундес лигата мина во знакот на Баерн Минхен, откако актуелниот шампион рутински славеше над Ајнтрахт, додека двајцата главни ривали за титулата, Лајпциг и Борусија Дортмунд, претрпеа порази.
Баварците триесетина минути се мачеа да го скршат отпорот на гостите од Франкфурт, за потоа во финишот од полувремето да стигнат до водство од 2-0 преку Левандовски и Даглас Коста. Избраниците на Анчелоти во вториот дел успеаја да постигнат и трет гол, втор за Левандовски, кој стигна до бројката од 100 погодоци во дресот на Баерн.
Лајпциг одигра уште еден потпросечен натпревар на домашен терен, губејќи од Волфсбург со 0-1. Поранешниот член на Баерн, Марио Гомез го постигна водечкиот гол за гостите уште во 9. минута, за потоа Лајпциг и покрај поголемиот посед на топката да не успее да стигне ниту до израмнување, камоли до пресврт.
Нов пораз претрпе и Борусија Дортмунд, откако „милионерите“ загубија на гостувањето против Херта со 2-1. Ибишевиќ несебично го проигра Калу за водство на домаќините од 1-0, Обамејанг израмни на 1-1, пред Платенхарт да му донесе победа на берлинскиот прволигаш со гол во 71. минута.
Резултати Бундес лига:
Баерн Минхен – Ајнтрахт 3-0, Херта – Борусија Д. 2-1, Лајпциг – Волфсбург 0-1, Дармштад – Мајнц 2-1, Фрајбург – Хофенхајм 1-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)