Сеад Кочан, сопственикот на „Трансмет“ и на „ТВ НОВА“ не е во бегство, туку е на службен пат, објави телевизијата „Нова“.
Како што објавува телевизијаата, незаконско е решението со кое Скопска единица му одредила притвор на Сеад Кочан – тврди неговата одбрана.
Адвокатот Никола Додевски доставил жалба до судот во текот на вчерашниот ден
– Обжаленото Решение сметаме дека е донесено со груби прекршувања на Законот за кривичната постапка, анахроно Решение кое како да е донесено по теркови од пред 30 тина години кога Република Македонија не знаеше за постоење на Конвенција за заштита на човекови права и за Европскиот Суд за човекови права, неговата судска практика и немаше обврска да ги почитува истите.
Кривичниот Совет во целост ги игнорирал обврските кои што ги има според Законот за кривичната постапка и Европската конвенција за човекови права, дури донел Решение за притвор без да спомене дали во случајот постои основано сомневање за сторено кривично дело иако тоа е првиот предуслов за Судот да може и да размислува за мерката притвор“, велат од Одбраната.
Од Одбраната на Кочан велат и дека, зачудувачки е што како причина за притвор се наведуваат според нив “апсурдни” тези како на пример за тоа го наведуваат влијание на вештаци, иако како што велат е ноторно дека СЈО вештачењата ги спроведува со вештаци што самото ги избира и за чие што спроведување одбраната и осомничениот не се ни запознаваат.
Според судски извори на ТВ Нова, судијката Гордана Спиреска не го доставила предметот до Апелација, иако според ЗКП, судот мора да донесе одлука по жалбата, во рок од 48 часа. Сепак овој рок нема никакво влијание дали се работи за работен или неработен ден бидејќи роковите кои се предвидени со часови не се пренесуваат во наредниот работен ден, туку само роковите кои се пресметуваат со денови.
Зошто се држи предметот и се чека да истече рокот за одлука на Апелациониот Суд? Дали со тоа сака да се овозможи време за спектакуларно апсење на бизнисменот Сеад Кочан? Дали тоа беше мотивот што на одбраната Решението за притвор и е доставено еден ден откако за истото излезе информација во медиумите, се прашањата кои се отвораат во јавноста.
Катица Јанева вчера рече дека судијката ја известила за нејзината одлука уште пред да им го достави Решението и сето тоа се случува во како што велат упатените, законски недозволената директна комуникација на судијата кој е дел од советот кој одлучувал по притворот со специјалната обвинителка.
Од апелациониот суд денеска нема одговор дали Спиреска им го доставила предметот. Од Одбраната велат – целосни невистини се шпекулациите дека осомничениот се дал во бегство од едноставна причина што нема бегство доколку во периодот кога лицето веќе се наоѓа на службен пат се донесе Решение за притвор. Токму таков е конкретниот случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.