Овој хепенинг станува редовна викенд шема каде може да се внесе поинаква живост и љубов во движењето „За подобра Македонија“, вели еден од организаторите на маршот Богдан Илиевски.
– Протестите продолжуваат, хепенингот е втора недела, редовна викенд релакс шема. Меѓутоа е една нова содржина која сакаме да ја понудиме, покрај оние од понеделник до петок прошетки, маршеви од Влада до Собранието, за време на викендите еве се обидуваме да внесеме малку поинаква живост и љубов во целото наше движење и на големо не само мое лично туку наше задоволство, ги имавме тука денеска Паркети и Даниел Кајмакоски,истакна Илиевски.
Тој вели дека се бара повлекување и отстапување од Платформата.
– Бараме повлекување на Тиранската платформа, без никакви изговори нити обиди таа на мала врата да се протне некако од позадина. Нејзината суштина е проблем не името како се вика, без разлика дали ќе ја крстите Тиранска платформа, Кичевска платформа, суштината нејзина е најспорна и најпроблематична, и бараме повлекување и отстапување од неа, а сите други финти да се манипулира народот нема да поминат, додава Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)
-
Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“