| четврток, 6 декември 2018 |

Нов скандал во МОК, отворена истрага за доделување на Олимписки игри и СП во атлетика

MOK

Француските обвинители започнаа истрага против шест членови на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за поткуп при доделување на организацијата на Олимписките игри и Светските првенства во атлетика.

Под истрага на обвинителите се доделувањето на домаќинствата на Светските првенства во атлетика кои се одржаа во Москва и Пекинг, но и домаќинствата на трите наредни светски првенства во атлетика годинашното во Лондон, во Доха во 2019 и во Јуџин во 2021 година.

Под лупа е и доделувањето на организацијата на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 и Токио во 2020 година.

Еден од обвинетите, легендарниот атлетичар од Намибија Френки Фредерикс пред три дена поднел оставка на функцијата, претседател на одборот за евалуација на кандидатурите за Олимписките игри во 2024 година.

Осомничените се и поранешниот претседател на Интернационалната атлетска федерација Ламине Диак и неговиот син Папа Масата Диак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top