| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо е суеверен, никогаш не ги допира пехарите пред финалните натпревари (видео)

kristijano ronaldo

Во интервју за светската куќа на фудбалот ФИФА, Кристијано Роналдо потврди дека е суеверен и дека едно од неговите суеверија е да не ги допира трофеите пред големите натпревари или турнири. Иако имаше можност да го допре трофејот од Купот на Конфедерации, капитенот на европскиот првак се огради од таа можност, и потврди дека ќе настапи на турнирот во Русија ова лето.

– Никогаш не ги допирам трофеите, бидејќи тоа е знак за лоша среќа. Овој трофеј е навистина преубав – рече Роналдо за ФИФА.

Португалија, заедно со домаќинот Русија и светскиот првак Германија, како и победникот на Копа Америка, Чиле се фаворити за освојување на ова натпреварување, кое е предигра за Мундијалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top