Поддршка на граѓанската иницијатива „За аедничка Македонија“, која секојдневно протестира за целосно отфрлање на тиранската платформа и зачувување на унитарноста на Република Македонија, пристигна од голем број на јавни личности. Но, иницијативата добива поддршка и од познати личности од регионот, како легендата на југословенскиот фудбал Дејан Савичевиќ, еден од најпознатите балкански пејачи Дино Мерлин, како и хрватскиот легендарен фудбалер Давор Шукер.
Капитенот на македонската ракометна репрезентација и еден од најдобрите светски ракометари, Кире Лазаров преку својор профил на „Фејсбук“ даде поддршка за иницијативата и порача да го зачуваме нашиот идентитет и интегритет.
– Да зачуваме нешто што сме наследиле и е наша обврска и должност да го пренесеме на нашите идни поколенија,да го зачуваме она што е наше и што ни припаѓа – напиша Лазаров
Поддршка стигна и од легендарната македонска ракометарка Индира Кастратовиќ, која порача сите заедно стоиме на црвено-жолтата линија на одбрана на нашата татковина!
Популарниот пејач Даниел Кајмаковски, пак,порача да не ја даваме државата затоа што нашето заедничко небо е Македонија!
Поддршката „За заедничка Македонија“ пристигнува и надвор од нашите граници. Легендарниот балканскиот пејач Дино Мерлин порача „Македонското сонце на знамето вечно нека грее“.
-Јас зборувам за Македонија, земјата во која вечерва ако луѓето ме гледаат сакам да им кажам да го сочуваат тоа сонце кое е на нивното знаме, да сонцето на македонското знаме никогаш не згасне и вечно да сјае, да тие луѓе пронајдат разум и најдоброто од себе да го дадат да никогаш не дојде до најлошото, порача Мерлин.
Легендарниот југословенски фудбалер Дејан Савичевиќ во изјава за ТВ Нова вели дека Македонија има своја државност, има свој Устав.
„Мислам дека тоа се желби на одредени поединци и групации. Македонија има своја државност, има свој Устав и според мене, Македонија треба да остане заедно и тоа да остане само како најлошо решение, бидејќи војната не носи ништо добро. Недај Боже да се случи таму кај вас, бидејќи знам дека имате доста проблеми. Македонија е во една специфична ситуација бидејќи целото нејзино опкружување има некои свои претензии и ако недај Боже дојде до војна мислам дека тоа ќе биде лошо за населението гледајќи општо, а потоа тие помали групи, некои луѓе веројатно би профитирале. Но, мислам дека Македонија треба да остане, да го сочува мирот. Најважно е да се сочува мирот во државата, истакна тој за Телевизија Нова.
Една од најголемите легенди на хрватскиот и европскиот фудбал Давор Шукер даде поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
-Праќаме порака за поддршка до нашите пријатели во Македонија, успешно да пребродат кризта и на сите татковината да им биде на прво место, како што им е тоа на играчите кога го носат македонскиот дрес. Со спортски поздрав, пишува во пораката која прати претседателот на Фудбалската федерација Хрватска Давор Шукер.
Целава оваа политичка ситуација не поминува така покрај нас, сите сме на некој начин инволвирани, истакна денеска на хуманитарен меч во Пробиштип легендарниот македонски фудбалер, Саша Чириќ.
-Јас како долгогодишен репрезентативец кој долги години и многу натпревари ги имам одиграно за овој најсветол дрес, стоел под македонското знаме и ја слушал македонската химна посакувам целиот македонски народ да остане сплотен, токму во овие моменти, затоа што само така сплотени ние ќе ја сочуваме нашава Македонија, рече Чириќ.
-Сите треба да бидеме свесни дека имаме една држава, дека егзистираме во една држава, дека сме тука родени и се што сме постигнале во животот е благодарение на нашата држава. Јас мислам дека треба да ја чуваме и во иднина, изјави селекторот на младинската фудбалска репрезентација Боби Милевски, кој денеска учествуваше на хуманитарен меч во Пробиштип.
И поранешниот репрезентативен голман на македонската фудбалска репрезентација Антонио Филевски излезе со поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Тој вели дека е револтиран од водачите на Шарената револуција, а сега пратеници и од врхушката на опозициската партија. Тој е револтиран поради тепањето на полицајците, кои беа таму на работна задача, тој вели дека тие се бранители на државата, а беа напаѓани и со највулгарни зборови.
-Почитувани браќа и сестри, револтиран сум од водачите на шарените, а сега пратеници и од врхушката на СДС, во нивните изјави каде граѓанската иницијатива која е мирна и достоинствена ја нарекуваат фашистичка, црна, а нивната шарена револуција била демократска и демократско било нивното двегодишно малтретирање на обичниот народ, демократски било кршење, палење, фарбање на споменици, министерства, демократско било палење на канцеларија на претседател на држава како највисока институција и фигуративно бесење на претседателот, палење на знаме, демократски било брутален на полицијата со цевки, хебли, бекатон плочки, со што се повредени многу полицајци, полицајците само си беа на своето работно место заработувајќи си ја својата плата за однесат дома леб за своето семејство, своите деца, нападнати беа со највулгарни зборови и клетви да ви се повтори Диво насеље, а таму ни загинаа наши бранители, наши Македонци, кој го жртвуваа својот живот за нас, за Македонија, вели Филевски
Тој вели дека во Македонија никогаш немало поделби според вера и нација, но никако не може да прифати бинационална држава.
-И затоа го кревам мојот глас и јавно бунтувам против бинационална држава, ние спортистите сме играле, тренирале, туширале, јаделе, пиеле, спиеле, живееле заедно без поделби, немало поделби на вера, нација, секој си го употребувал својот јазик, со почит кон сите, но македонскиот јазик е нешто свето. Заедничка Македонија, унитарна Македонија ни е иднината на нас и нашите поколенија. Охридскиот рамковен договор ги даде сите права и привилигеии и секое малцинство, каде што според закон ги исполнува условите ги ужива сите права, но треба да се има и обврски, а обврски со почит кон својата држава Македонија, затоа што таа ни е заедничка, унитарна, а никако бинационална , завршува Филевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)