Aмериканскиот претседател Доналд Трамп има намера да го постави поранешниот гувернер на Јута, Џон Хантсман, за нов амбасадор во Русија. Хантсман, кој беше амбасадор на САД во Сингапур за време на администрацијата на Џорџ Буш и во Кина во времето на Барак Обама, наводно, веќе ја прифатил новата функција.
– Хантсман е близок соработник со државниот секретар Рекс Тилерсон, кој му го понудил местото. Тој се залаа за економска соработка со Русија, но мисли дека Москва и Вашингтон никогаш нема да бидат сојузници – пренесуваат светските медиуми.
Хантсман бил еден од претседателските кандидати на Републиканците на изборите во 2012 годин. На почетокот на кампањата на Доналд Трамп бил против него, но подоцна го поддржал.
Од друга страна, Русија објави дека ќе го поддрже секој американски амбасадор доколку тој биде посветен на идејата за воспоставување на дијалог меѓу двете држави.
– Одлуката за тоа кој ќе ја води американската мабасада во Москва е исклучиво внатрешно прашање на Вашингтон – изјавил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.