Граѓани на Ресен вечерва повторно со масовен марш низ улиците на градот ја изразија својата поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, со цел да ја искажат својата загриженост за иднината на државата и во одбрана на унитарноста на Република Македонија.
Ресенчани јасно и гласно вечерва кажаа дека НЕ сакаат двојазичност во нивниот град, како и на целата територија на Македонија, промена на химната, знамето и државниот грб.
Освен во Ресен, вечерва протести „Зa заедничка Македонија“ се одржаа во 26 градoви во Македонија, меѓу кои и централниот и најголем во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)