| четврток, 6 декември 2018 |

Валентина Божиновска: Македонија ја живее кризата на една тиранска платформа

– Зоран Заев им помага на етничките Албанци од, да речеме 17 проценти да станат 50 и повеќе, со неговите гласови, а мнозинството во Македонија во кое се и другите малцински заедници да ги направи во една понижена состојба, се со една цел да дојде по својата патолошка борба за власт.

Ова го истакна претседателот на Комисијата за односи со верски заедници, Валентина Божиновска, во емисијата „Интервју со…“ на регионалната телевизија К1.

bozinovska-640x355

– Македонија ја живее кризата на една тиранска платформа- документ подготвен од соседна држава, стегната, потпишана, направена, од Еди Рама потврдена, од соседно Косово или од Хахим Тачи и затоа мислам дека СДСМ она што го потврди со коалициониот партнер ДУИ за прифаќање на таа тиранска платформа, значи не директно мешање на суверенитетот и интегритетот на Македонија, туку тоа е еден силен удар, комплетно распарчување на унитарноста на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top