| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓани на браникот на татковината: Да се отфрли платформата!

Охриѓани вечерва повторно излегоа да дадат поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

– Достоинствено, чесно стоиме на браникот на татковината, за унитарна, независна и слободна Македонија. Граѓаните низ целата земја го собираат гневот, генот што го носат во себе, македонското чувство во нив, затоа што низ историјата сме страдале од душмани, како надворешни така и внатрешни, какви што за жал има и денес, рече професорот по историја Илија Рапешоски со што во име на учесниците ја исптаи пораката  на вечерашниот протест во Охрид.

Тој ги повика сите граѓани да издржат заедно единствени за одбрана на унитарна и независна Македонија.

– Не повикуваат на заедништво, зближување, соработка… Со кого ќе соработуваме, со Зијадин Села кој ги негира нашето знаме, грб, химна. Со нив ли ќе се соработува, со предавниците кои физички се присутни во Македонија, а со паметот и се друго се во голема Албанија, рече Рапешоски.

Кирил Јосифовски, потомок на Јонче и Јордан Јосифовски, востаници од четата на Дејан Војвода кои во 1903 година загинаа како борци во Илинденското востание, им порача на Заев и Села да не плукаат по историјата на македонскиот народ.

Собраните граѓани од протестот упатија заедничко барање за целосно отфрлање на платформата на албанските политички лидери, за која сметаат дека е директен атак врз унитарниот карактер на Република Македонија.

Вообичаено, како и претходните два дена учесниците на протестот се собраа на плоштадот кај охридската Гимназија, по што се упатија низ улиците во централното градско подрачје до Градскиот плоштад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top