| четврток, 6 декември 2018 |

Пијте вода со ѓумбир против седум болести!

Доволно е само една чаша вода со ѓумбир секое утро и ќе го поштедите телото од многу сериозни заболувања.

На сите ни е добро познато колку ѓумбирот е добар за здравјето. Поради своите бројни анти-воспалителни, антибактериски и антиканцерогени својства, ѓумбирот може да спречи и да излекува многу болести.

Ја подобрува циркулацијата

Ѓумбирот ја прочистува крвта и ги исфрла токсините. За добра циркулација и здрава крв, направете пијалок од 5 литри вода и 50 грама рендан ѓумбир. Ѓумбирот кој ќе ви преостане откако ќе ја процедите ѓумбировата вода, можете да го користите како облога или надворешно третирање на циркулацијата на нозете.

Помага во лекување на ракот

Се’ повеќе научници тврдат дека ѓумбирот може да ги уништи клетките на ракот. Поради тоа, тој е една од главните состојки во многу природни рецепти за кои се верува дека го лекуваат ракот.

Ги ублажува главоболките

Доколку имате проблем со чести главоболки, пијте чај од нане со ѓумбир. Засладете го со малку мед и испијте го кога ќе ве боли главата. Разликата помеѓу чајот од ѓумбир и аналгетикот е во тоа што со него ќе ја ублажите главоболката, но ќе направите и нешто добро за остатокот од телото.

Ги лекува воспаленијата, ја елиминира кашлицата

Нема подобар сојузник во борбата против грип и настинка од ѓумбирот! Ставете неколку парчиња ѓумбир во врела вода и направете чај кој за брзо време ќе ве ослободи од кашлицата, пишува MyHealthyFoodTips.com. Важно е чајот да го пиете ладен и да му додадете малку лимон.

Ги ублажува тегобите поради артритис, болката во мускулите и зглобовите

Измешајте малку ѓумбир и куркума, соединете ги со неколку капки вода и масирајте на болните места. После ова, ќе се чувствувате многу подобро.

Варење и проблеми со желудникот

Секој ден џвакајте малку ѓумбир за да го регулирате апетитот и да се ослободите од проблемите со варењето. Исто така, на овој начин ќе спречите гадење и повраќање.

Го регулира нивото на шеќер во крвта

Доволно е да пиете чаша вода со малку ѓумбир секое утро и никогаш повеќе нема да мора да се грижите за шеќерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top