| четврток, 6 декември 2018 |

И Македонците во Виена го кренаа гласот против тиранската платформа (фото)

Со македонски знамиња и транспаренти „Едно име имаме – МАКЕДОНИЈА“, Македонците во Виена категорично се спротивставуваат на тиранската платформа.

Поголема група Македонци денеска во центарот на  австрискиот главен град, Виена се собраа за да го искажат револтот за тиранската платформа.

Порачуваат дека нема да дозволат да се променат името, знамето, химната и државниот грб.

viena1-640x480

Загрижени од состојбата во Македонија, порачуваат дека тиранската платформа не смее да се прифати и оти таа ќе биде првиот чекор кон редефинирање на Македонија.

Дијаспората на дело покажува како се сака татковината и дека нема да дозволат СДСМ и Зоран Заев со антимакедонската политика да удрат врз темелите на македонската држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top