| четврток, 6 декември 2018 |

Чилиманов: СЈО работи за СДСМ, за да се ликвидираат медиумите кои Заев ги прогласени за противници

– Јасно е дека СЈО работи за СДСМ, со цел се ликвидираат медиумите кои Заев ги има прогласено за свои противници. Реакцијата на граѓаните е масовна секој ден и тоа е причината поради којашто на СДСМ и на СЈО им се брза – да ги замолчат медиумите кои ги пренесуваат не само за непринципиелните ветувања на СДСМ, туку и масовната реакција на граѓаните за распродажбата на националните интереси од страна на СДСМ – изјави Цветин Чилиманов, новинар и аналитичар за „ТВ Нова“.

Според Чилиманов, нема сомнеж дека Зоран Заев има список на непријатели и политички противници.

– Заев прогласи голем број медиуми за негови политички непријатели, а јасно е дека СЈО наместо да биде непристрасен орган што ќе врши истраги, дејствува како политичка алатка на СДСМ – вели Чилиманов за одредувањето притвор за Сеад Кочан, сопственикот на „Трансмет“ и „Тв Нова“, осомничен во случајот „Труст“ на Специјалното Јавно Обвинителство и упадот во уште неколку медиуми кои не се под директна контрола на „Павел Шатев“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top