| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ја навредува интелигенцијата на македонските граѓани, не се откажува од тиранската платформа (видео)

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска докажа дека не се откажува од тиранската платформа и само преку евтини маниупулации со кои ја навредува интелигенцијата на македонските граѓани се обидува оваа платформа направена во туѓа држава да ја протне на мала врата.

Откако Заев денеска прво рече дека нема двојазични пари, химна, знаме, затоа што уставните експерти кажувале дека тоа било спротивно на уставните одредби, потоа самиот се демантираше и изјави дека уставните експерти на ДУИ можеле да кажат нешто друго.

-Уставните експерти што ги консултираме се на ставот дека денарите, банкнотите се користат на целата територија на Република Македонија и евентуалната употреба на друг јазик при нивната изработка е спротивна на уставните одредби за употреба на македонскиот јазик, јазикот што го зборуваат повеќе од 20 проценти од населението во Република Македонија – изјави Заев, за потоа да рече:

-Нам тоа ни го кажале уставните експерти, можеби ним, можеби во јaвноста, експертите ќе кажат нешто друго…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top