| четврток, 6 декември 2018 |

„Кармина Бурана“ вечер во МОБ

Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена популарната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф, во режија на Дејан Прошев.

– Со пораката „Среќата да биде владетелка со светот“, „Кармина Бурана“ со право ја нарекуваат кантата на XX век. Овојпат ќе има специјално режирана концертна изведба, соопшти Македонската опера и балет.

Изведбата на солистите Катерина Стојановска, Дејан Стоев и Марјан Јованоски ќе биде придружена од хорот и оркестарот на МОБ, под диригентство на Сашо Татарчев.

МОБ ја одложи премиерата на мјузиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески, која наместо вечер ќе биде на 24 март. Првата реприза на мјузиклот ќе биде на 26 март, а ќе има и трета изведба на 28 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top