Јорданчо Давитков, новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација најави многу работа за подобрување на состојбата. Давитков на кормилото доаѓа кога македонската кошарка бележи голем пад, а репрезентацијата мора да игра во претквалификациите за СП 2019.
– Никогаш кога било тешко во македонската кошарка не сум се повлекувал настрана. Нè чека сложена задача, но кошарката е мојот живот и без двоумење ја прифатив понудата да бидам селектор. Можев да се повлечам, да пијам сок на некоја плажа во Дубаи, но никогаш не се повлекувам пред предизвикот. Одиме чекор по чекор, првo да ги поминеме претквалификациите, а потоа ќе гледаме да продолжиме со работата. По десет години репрезентацијата е многу промената, но ги познавам речиси сите играчи. Во прво време би се фокусирал да составиме екипа од тие играчи кои ни се на располагање и да видиме кој сè би играл. Потоа откако ќе ја составиме нè чека напорна работа ова лето. Мораме да ја вратиме и атмосферата која владееше во тимот пред десет години – изјави Давитков.
Старо-новиот селектор на Македонија уште го нема комплетирано стручниот штаб, но најави дека истото ќе биде решено во најбрз можен рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.