„Република“ од свои извори дознава дел од договорот на СДСМ и ДУИ за распределба на позициите во власта. СДСМ и ДУИ договориле, вели нашиот извор, поранешен албански командант на бунтовниците, кој потоа стана политичар, ексминистерот за одбрана од редовите на ДУИ Талат Џафери, да биде претседател на Собранието на РМ.
Ова е еден од условите во тиранската платформа, создадена во Трана од албанските партии и прифатена од СДСМ со единствена цел да се укине македонската државност.
Според Уставот, претседателот на Собранието е втор човек во државата и заменик-врховен командант, што значи дека во отсуство на претседателот Ѓорге Иванов, Талат Џафери ќе ја води дравата и ќе биде врховен командант на вооружените сили на РМ.
Прифаќајќи двојазичност на целата тероторија на Македонија, СДСМ му овозможува на поранешниот командант на ОНА државата да ја води на албански јазик, во Собрането да се обраќа на албански и седниците да ги води на албански.
Тоа што не го добија во војната во 2001 година, терористите од УЧК го добија денеска, со предавството на Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.