| четврток, 6 декември 2018 |

Oва е српската претставничка на „Евровизија“ (ФОТО)

„In too deep“ е песната со која Србија годинава ќе се претстави на 62. избор за песна на „Евровизија“ во Киев, Украина. Боите на нашите соседи ќе ги брани 35-годишната Тијана Богичевиќ.

Изборот токму таа да настапува во мај, е на уредниците на музичката редакција во РТС. Нејзината кариера започнала како пратечки вокал за Владо Георгиев, а солистички почнала да настапува во 2009.

Таа живее и работи во Бостон, а искуство на евровизиската сцена стекнала како пратечки вокал во 2011 година, кога за Србија пееше Милан Стнаковиќ.

Вчера се снимаше видеоспотот за песната која наскоро ќе биде промовирана.

Македонската песна за „Евровизија“, во изведба на Јана Бурческа, ќе биде промовирана вечерва во емисијата „Плеј“ на МРТВ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top