| четврток, 6 декември 2018 |

УЕФА најави големи казни за Наполи, Баерн и Арсенал

arsenal

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) отвори дисциплинска постапка против Наполи, Арсенал и Баерн Минхен заради прекршоци на реванш дуелите од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Со најголема казна се соочува италијанскиот гигант, бидејќи на „Сан Паоло“ на мечот против Реал Мадрид публиката користеше ласери, беа блокирани скалите, се запалија бакли и на терен се фрлаше со тврди предмети.

Арсенал ќе биде обвинет поради слабата организација, а германскиот шампион поради внесување на трибини на недозволени предмети.

Дисциплинската комисија на УЕФА за овој случај ќе расправа на 23 март, кога ќе бидат донесени казните за горенаведените клубови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top