Кога Романија стана дел од Европската унија во 2007 година, мораше да направи одредени измени. Дел од тие измени беше и што секој затвор во земјата мораше да добие „соба за интимност“ – простор каде што затворениците ќе поминуваат интимно време со нивните љубовни партнери/ки.
Во текот на неколку години, фотографот Космин Бумбут ги фотографирал овие новосоздадени ќелии, во сите 40 затвори во земјата. Неговата фото-серија „Соба за интима“ детално ја документира атмосферата во нив.
Во суштина, овие соби се само поинаков вид на ќелии, направени за да ги исполнат параметрите поставени од Европската Унија. Според тие параметри, секој затвореник има право на двочасовна посета од неговата сопруга/девојка, на секои три месеци. Ако затвореникот се ожени додека е во затвор, тој или таа има право да помине 48 часа по свадбата во интимната соба, и дополнително да биде посетуван/а еднаш месечно за време на првата година од бракот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија