Полицијата во германскиот град Дизелдорф, каде што вчера седум лица биле ранети во напад со секира на железничка станица, уапсила 36-годишен маж, а се наведува дека напаѓачот е со потекло од овие простори.
Дизелдорфската полиција објавила дека осомничениот за нападот е од Вупертал, град што се наоѓа на 28 километри од Дизелдорф, и дека станува збор за лице што има „очигледни проблеми со менталното здравје“.
Полицијата навела и дека меѓу ранетите, тројца се во тешка состојба.
Според полицијата, еден маж со секира наизменично напаѓал патници, прво во трамвај, потоа и во зградата на станицата.
Германските медиуми пренеле дека следувала голема акција на полицијата, како и дека хеликоптери го надлетувале градот. Станицата била евакуирана, а бил сопрен и железничкиот сообраќај.
По крвопролевањето, напаѓачот преку шините истрчал од станицата и скокнал од мостот каде што тешко се повредил.
Тогаш бил уапсен, а поради повредите бил префрлен в болница.
Подоцна бил уапсен уште еден маж, меѓутоа, не е познато дали е поврзан со нападот.
Засега нема информации дали станува збор за терористички напад, а полицијата официјално навела дека станува збор за „нерасветлено насилство“.
#duesseldorf pic.twitter.com/3yo2x0NZtM
— Rüdiger Vogel (@MustafaVogel) March 9, 2017
Медиумите претходно јавиле дека имало четворица напаѓачи и исто толку повредени патници.
Железничката станица во меѓувреме била затворена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.