Силен пожар го зафатил просторот на градскиот саем во Дизелдорф кој што се користи како сместувалиште за бегалци од повеќе блискоисточни и северноафрикански земји.
Во пожарот што денеска околу пладне ја зафатил саемската сала во која се сместени 280 бегалци според противпожарните екипи нема жртви откако сите луѓе што биле во салата биле евакуирани.
Засега нема информации за причините за огнот кој брзо го зафатил целиот објект.
Засега нема информации за причините за огнот кој брзо го зафатил целиот објект.
Минатата година во Германија се случија десетици инциденти во кои противници на политиката на отворени врати кон бегалците подметнуваа пожар во бегалски кампови. Германските судови досега расчистиле само околу 5 проценти од сите инциденти во кои биле нападнати бегалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.