| четврток, 6 декември 2018 |

Бизарен напад во Дизелдорф: Со секира напаѓале патници на железничка станица

Четворица напаѓачи нападнале денес со секира патници на главната железничка станица во Дизелдорф, без ред удирајќи ги минувачите, јавува германски Билд.

Најмалку четири лица се повредени, јавуваат германските медиуми, а полицијата ги уапсила двајцата напаѓачи. Некои германски медиуми јавуваат дека има уште најмалку двајца напаѓачи кои се во бегство, но оваа информација не е потврдена.

Билд пишува и дека голем број полицајци се распоредни околу станицата. Светските агенции јавуваат дека железничкиот сообраќај е во прекин и дека возовите не сопраат на станицата.

Портпаролот на полицијата на Дизелдорф потврди дека е во тек голема акција и дека полицијата патролира со возила и хеликоптери. Нема детали за осомничените напаѓачи или мотивите на нападот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top