| четврток, 6 декември 2018 |

Протест во Гевгелија: Категорично сме против тиранската платформа потпишана постизборно во друга држава

Гевгелија е еден од градовите во земјава кои вечерва и дадоа силна подршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Многубројни жители од градот и околните населени места учествуваа на протестниот марш изразувајќи го своето несогласување со одредбите од тиранската платформа за кои сметаат дека се во насока на разнебитување на македонското ткиво.

-Категорично сме против тиранската платформа потпишана постизборно во друга држава затоа што излегува од рамките на Охридскиот договор. Со огорченост ги отфрламе ултимативните барања за бинационално редифинирање на државата и мешањето на Тирана во внатрешните работи на Република Македонија. Нашето име, знамето, химната, јазикот и сите симболи на националниот идентитет нема да дозволиме да ги менуваат однадвор, порача Петар Димитров од име на учесниците на маршот.

Протестниот марш во Гевгелија кој се одвиваше по улиците на централниоит дел од градот, почна и заврши мирно и достоинствено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top