Ако треба да одбереме македонска видео касета која била најбарана и најпреснимувана, тогаш со сигурност тоа е преставата „Женски оркестар“. Главните ликови- секси Чичолина, промискуитетната Маца, срамежливата Паца, забавната Мендолина, бугарката Илинденка, анксиозната Сузан и изгубениот Трајчо со двата дела од оваа култна престава не засмејуваа до солзи. Голем дел реплики од преставата и ден денеска се цитираат постојано, а смешните моменти често се прераскажуваат во друштво. Хуморот со кој овој оркестар не шармираше нема да се повтори.
Еден период „Женски оркестар“ се играше во легендарната кафана „Лисабон“ и секогаш се бараше место повеќе за да се биде во публика. Во најсмешната македонска комедија играа: Јовица Михајловски, Димче Мешкоски, Ванчо Петрушевски, Ѓокица Лукаревски, Благоја Чоревски, Гоце Тодоровски и Игор Џамбазов.
Целата урнебесна комедија и единствениот македонски женски оркестар може да ги погледнете на „Јутјуб“:
извор: македонија денес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)