Македонскиот фудбалски селектор Чедомир Јаневски минатиот викенд престојувал во Атина што многумина го протолкуваа како опасност по нашата репрезенатција, која со поранешниот фудбалер на Вардар есеноска доживеа ренесанса. Јаневски се поврзува со Олимпијакос каде работеше како помошник во периодот од 2005 до 2007 година, но тој ги отфрли како неосновани вестите дека преговара и тврди дека нема збор за негово напуштање на нашата А репрезенатција и преселба во Пиреја.
– Нема вистина во пишувањата дека преговарам со Олимпијакос. Медиумите објавија сензационална вест само врз основа на мојата приватна посета на Атина. Во клубот имам пријатели со кои комуницирам и имаме меѓусебна почит. Бев присутен на натпреварот Олимпијакос-Јанина и како дел од поранешниот тим го поздравив триумфот на Олимпијакос – вели Јаневски преку сајтот на ФФМ.
Македонија за 15 дена ќе игра пријателска со Данска во Скопје (6 февруари), а во март не очекува продолжение од квалификациите за СП во 2014.година и две средби со водечката во групата А, Белгија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


