| четврток, 6 декември 2018 |

Што ви пречи под Народна банка да пишува Banka Popullore e Maqedonisë (ВИДЕО)

Срамни антидржавни и антинационални ставови на новинарот Александар Чомовски околу основите што претставуваат обележја на македонскиот идентитет. Чомовски по теркот на СДСМ и на Зоран Заев сака да ги релативизира сите катастрофални отстапки на Заев, кој само за да се дограби до власт.
Чомовски во гостувањето во емисијата на „Алсат“ не посочува зошто Албанците што се 20 проценти во Република Македонија би добиле право на службен јазик, а тоа не би го добиле и другите етнички заедници. Зошто Македонците би се решиле да загубат еден од темелите на својата државност и идентитет, а тоа е јазикот, само поради тоа што постојат информации дека е можно една заедница да е застапена со 20 проценти?

Настапот на Чомовски е дел од стратегијата на Зоран Заев и на СДСМ да се релативизира продажбата на државните и национални интереси и да се прикаже дека Македонците се подготвени да се откажат и од јазикот и од химната и од знамето и грбот, а, конечно, и од името и од сè што значи национален идентите.

-Оваа наша банкнота од 1.000 денари која е најчеста, пишува Народна банка на Македонија на кирилично писмо. Јас сега се прашувам со што ќе биде загрозен македонскиот јазик, македонската слобода доколку под Народна банка на Македонија која е на кирилично писмо, на латинично писмо или на албанско писмо биде напишано Banka Popullore e Maqedonisë – вели Чомовски.

Доколку Чомовски е сигурен дека двојазичните банкноти се исправен екот и добра отстапка за формирање на Влада, тогаш треба да го охрабри и Заев да излезе на избори и овој предлог како предизборна понуда да го стави пред граѓаните.

Во меѓувреме, функционери на ДУИ на социјалните мрежи веќе промовираат на банкнотите да стои Народна банка на Илирида место Народна банка на Македонија.

dui-funkcionerdui-funkcioner13 dui-funkcioner12 dui-funkcioner11

-И нас ни дојде нова 50-денарка, тазе нова од Народна банка на Илирида – пишува на социјалната мрежа Фејсбук функционерот на ДУИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top