| четврток, 6 декември 2018 |

Голден стејт влегува во криза, чудесен пресврт на Сан Антонио (видео)

golden stejt

Кошаркарите на Голден стејт вориорс уште еднаш ги разочараа своите верни фанови губејќи нов меч на домашен терен, овојпат од Бостон селтикс со убедливи 86-99. Отсуството на Кевин Дурант уште еднаш се покажа како проблем со кој „воините“ многу тешко се справуваат, особено во ситуација кога не им одеше и шутот од далечина. Стеф Кари и Клеј Томпсон заедно шутираа 4/17 за тројка, а главна причина за поразот е очајното издание во последната четвртина, која Бостон ја доби со 12-27.

Ајзеа Томас постигна 25 поени за победничкиот тим, додека Кели Олиник имаше значаен придонес од клупата, реализирајќи 17 поени, пет скока и пет асистенции.

Сан Антонио спарс во неверојатен натпревар славеше над Сакраменто со 124-114. Конечниот резултат не е никакво изненадување доколку не се потенцира дека гостите во првото полувреме имаа огромни 28 поени предност, за на крајот сепак спарси да го добијат овој меч со десет поени разлика. Успехот е уште поголем ако се знае дека големиот пресврт беше направен без помошта на Олдриџ и на Леонард, во чие отсуство најдобри стрелци на Сан Антонио беа Џинобили со 19 и Ли со 18 поени.

Њу Орлеанс претрпе пораз на гостувањето против Торонто, но уште поголем проблем за „пеликаните“ е повредата на нивниот најдобар играч, Антонио Дејвис, кој поради проблеми со зглобот на раката воопшто не влезе во игра во второто полувреме.

НБА резултати:

Орландо – Чикаго 98-91, Индијана – Детроит 115-98, Мајами – Шарлот 108-101, Хјустон – Јута 108-115, Атланта – Бруклин 110-105, Денвер – Вашингтон 113-123, Сан Антонио – Сакраменто 114-104, Њу Орлеанс – Торонто 87-94, Минесота – ЛА клиперс 107-91, Милвоки – Њујорк 104-93, Голден стејт – Бостон 86-99.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top