| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Заев прави влада со човек кој не го признава него лично како Македонец (ВИДЕО)

ВМРО ДПМНЕ нема ништо против Албанците, напротив, има направено многу за Албанците и за сите граѓани, рече синоќа во интервју на Топ тема, членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен министер за здравство, Никола Тодоров. Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не сака да ги дели граѓаните на етничка основа, туку се залага Македонија да опстои како мултиетничка држава, а не како бинационална.

Во тој контекст, тој се осврна на проблемот што се јавува во можната коалиција на Заев со албанските партии, особено по иредентистичките ставови кои се погласно ги искажуваат неговите коалициски партнери.

Го спомнавте Села. Заев има огромен проблем сега. СДСМ и ДУИ немаат мнозинство за да состават влада, па клучното мнозинство сега го прави Села, бидејќи Беса има став дека не сака да соработува со ДУИ, па би одело потешко. Нејсе, клучниот фактор е Зијадин Села. Како Заев ќе направи коалиција и е седи во иста влада со човек кој него лично не го признава како Македонец. Вели дека Македонците не постојат, дека се вештачка нација, и вика дека тие, Албанците, во овој период помагале да се гради македонскиот идентитет. Какво ќе биде чувството на Заев да направи влада со човек што не го признава неговотиот идентитет и идентитетот на народот на којшто Заев припаѓа, вели Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top