Борусија Дортмунд се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако ја совлада Бенфика на домашен терен со 4-0, алунирајќи на негативата од еден гол од првиот меч во Португалија. Тоа што го пропуштија во првиот меч во Португалија избраниците на тренерот Тухел на најдобар можен начин го искористија пред својата публика и заслужено се пласираа во следната рунда.
Пјер – Емерик Обамејанг беше јунак за Борусија бидејќи уште во четвртата минута го постигна првиот гол за „милионерите“, со што вкупниот дуел влезе во „егал“, а до крајот на мечот постигна уште два со што покажа дека промашувањата од првиот меч се само лош ден во неговата кариера.
Во 59.минута Пулишиќ го постигна вториот гол за Борусија Дортмунд, а само две минути подоцна Обамејанг уште еднаш стрелаше на вистинското место за нокаут на гостите. Во 85.минута, истиот фудбалер уште еднаш ја затресе мрежата на Бенфика, за тотална егзекуција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)