
– Браќа и сестри по род. Да ги зарамниме еднаш веќе длабоките бразди на делби и омраза. Во омразата никој нема ниту иднина ниту надеж. Ниту вие, ниту ние. Браќа и сестри, кои судбината ве принудила да живеете заедно со нас, вклучете се во нашето единство зашто тоа ќе има непроценлива вредност. И за вас и за нас. Само здружени и со меѓусебна доверба ќе бидеме секаде и секогаш посилни.
– Историјата е еден отворен процес кој постојано се допишува. Ние, Македонците таа историја сакаме да ја пишуваме само со своето македонско писмо и само со својата македонска вистина. Слободата е наша прва икона и затоа не испуштајте ја од своите раце и од својата љубов. Таа не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано. Низ секој наш творечки подвиг. И низ секој изгрев што не осветлува. Само така Македонија ќе ја видиме обединета во една толку величествена светлина. Зашто наше знаме е сонцето, а тоа е најстариот оган на кој се грееме, порачуваат во своето видео од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ цитирајќи го Македонскиот Манифест на Петре М. Андреевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


