Ниту дождот, ниту лошите временски прилики не ги поколебаа прилепчани и вечерва да излезат на мирен и масовен протест во името на својата татковина Македонија. Гордост е да се биде на браникот на одбрана на домовината, велат граѓаните на градот херој.
Раѓала оваа земја јунаци, такви јунаци има и денес, спремни жестоко да ја бранат секоја педа земја, спремни да се спротивстават на секој оној кој сака да продаде и едно камче од неа.
Одново се пееа песни, одново се виореја знамиња, одново се упатија силни пораки кон оние кои сакаат да ја поделат државата и да ги уништат основните вредности на еден народ, а тоа се: јазикот, знамето, грбот, химната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)