Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва по петти пат организираше масовен протестен марш во Кавадарци, каде што пред присутните се обрати Љупчо Меркаш, наставник по историја.
Тој рече дека заеднички им кажуваат „не” на сите кои не и мислат добро на татковината. Ги повтори барањата од кои, како што рече, нема да отстапат по никоја цена.
– Политичките партии да не дозволат двојазичност на целата територија на Република Македонија. Сите да учествуваат во создавање платформа за заедничка Македонија. Отфрлање на туѓите платформи кои се наметнати од други држави. Странските претставници кои не и мислат добро на државава да не се мешаат во внатрешната политика на земјава. Затоа што Република Македонија има институции кои се надлежни и во служба на целиот народ, рече Меркаш.
Во својот говор претставникот на иницијативата „За заедничка Македонија“ додаде дека албанската платформа содржи многу негативни елементи кои, како што рече, го уништуваат македонскиот културен и јазичен идентитет, создаван со векови од нашите предци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)