Десетти ден по ред иницијативата „За заедничка Македонија“ поддржани од илјадници граѓани ширум земјава, со мирен протест го креваат својот глас за зачувување на унитарноста на земјата и отфрлање на албанската платформа составувана во Тирана, која СДСМ ја прифати само за да дојде на власт.
Граѓаните во главниот град и денес по 10-ти пат се Собраа пред Владата на РМ од каде го започнаа својот марш кој денес пораи меѓународниот празник осми март беше во знакот на жената. Како и претходните собири и денес мирниот протест заврши пред Собранието на РМ, каде овој пат жените поставија прекрасен цветен аранжман во форма на македонското знаме.
Инаку, освен во Скопје иницијативата „За заедничка Македонија“ добиве огромна поддршка во голем број градови во земјава, а денес граѓани протестираа вкупно во 23 грагови низ државава. Од ден на ден нивниот број се повеќе се зголемува и се повеќе Македонци излегуваат на улиците јавно да им кажат НЕ на платформата.
(Фото: A. Ивановски)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.