Во интервју за агенцијата Ројтерс, лидерот на ДУИ Али Ахмети потврдува дека е постигнат договор со СДСМ албанскиот јазик да биде користен во државните институции, како и на банкнотите.
– Коалициските партнери договориле и да изберат етнички Албанец за претседател на Собранието за прв пат во независноста на државата, изјавил лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за агенцијата Ројтерс, соопштувајќи детали од договорот за коалицирање постигнат со СДСМ.
-Во парламентот на Република Македонија, ако јас сум претседател ќе зборувам на албански. Треба парламентарната седница да ја водам на албански јазик. И во говорна и во пишана форма, албанскиот треба да се користи во сите државни институции. Тоа значи официјална употреба на албанскиот јазик. Во овој момент албанскиот јазик се користи само на локално ниво.“, вели Ахмети.
Сега е моментот да се затвори прашањето за албанскиот јазик, додава Ахмети додека откажувањето од албанската платформа тврди би било погрешен чекор.
Додека лидерите на СДСМ, на чело со Заев, веќе некое време кријат што се содржи во албанската платформа која ја прифатиле и што поточно договориле со нивните албански коалициони партнери, раководнството на ДУИ веќе во неколку нивни изјави изнесуваат детали од договорот и што според него е предвидено да се случува во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)