Ретко кога се случило двата натправари одиграни во ист ден од осминафиналето во Лигата на Шампионите да завршат со пресврт по водството на домаќините во првиот дел.
Таков беше случајот синоќа, кога Баерн Минхен славеше со 1-5 во Лондон, иако домаќинот Арсенал по првите 45 минути игра имаше водство од 1-0.
Слична беше ситуацијата и во Неапол, каде по првото полувреме Наполи имаше водство од 1-0 против Реал Мадрид, но на крајот Шпанците славеа со 1-3 благодарение на погодоците на Рамос (2) и Алваро Мората.
На ваквите резултати посебно се израдува еден Беровчанец, кој верувале или не двата натпревари ги одигра „кец во два“ и доби 74 илјади денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.