Роден во 1972 година во с. Ливада, Струшко
Професија: лекар, специјалист-интернист
Контроверзност: „Ќе ви кажам јас како се блокира овој закон. Ќе ви покажам кога ќе стигнеме до последниот амандман, ќе видите кога ќе ја земеме оваа говорница, овие микрофони и овој Парламент ќе го запалиме.“
Образовани, необразовани, политичари, измамници, велепредавници, професори, секакви срамови за професијата, за народот, блефери и лапсусчии поминале во оваа рубрика, но никој досега во статијата на Википедија немал поглавје „Контроверзност“.
Статиите за македонските личности не се обемни, содржат основни податоци, најчесто општи, но неретко и пофални. Села е првиот политичар кој може да се „пофали“ со „Собранието во пламен“. Така започнува запознавањето со Зијадин Села, пратеник во Собранието 2011-2013, градоначалник на Општина Струга до декември 2016 година, денес водач на Алијансата за Албанците, отсекогаш радикален Албанец.
Во 2013 година Села си дозволи да побара Струшките вечери на поезијата да се одржуваат и на албански, или, секако во свој стил, се закани дека ќе ги забрани.
Истата година стана градоначалник на Струга од редовите на ДПА со слоганот „Гласајте масовно за да го бетонираме фактот дека Струга е албанска“, а го поддржаа ДУИ и другите албански партии.
На 11 јули 2014 г. Села беше еден од предводниците на поголема група демонтранти во Скопје поради судската пресуда за сторителите на убиствата кај Смиљковското Езеро. Групата скандирала „УЧК“, и „Етничка Албанија“.
„Демонстрантите кои протестираат незадоволни од пресудите за случајот Монструм, скандираат „Учк“, „Учк“, „Етничка Албанија“, „Сакаме слобода“, „Стоп за монтираните случаи“, „УЧК не е ДУИ, УЧК е со народот“ и носат албански знамиња. На чело на поворката носат транспарент-мозаик со ликот на Никола Груевски, на кој пишува „Масакр за Бродец 2007“, „Масакр за Радуше 2010, „Акција Монструм 2012“- ова е мозаикот на злото. Во првиот ред е градоначалникот на Струга Зијадин Села.“, објавија медиумите во јули 2014 година.
Потоа се занимаваше со локално шерифување за на изборите да ги повампири своите големоалбански аспирации во дотогаш „тивката“ Алијанса за Албанците.
Докажаниот македономрзец прв му подаде рака на давеникот Заев, а за возврат го побара возможното – Заев да ја прифати Тиранската платформа, што овој без збор и го направи.
Големоалбанецот од македонското село Ливада, кому оваа Македонија му овозможила да стане некој и нешто, си дозволи да рече дека македонскиот идентитет не постои – пред 100 години македонскиот народ не постоел.
–Историската реалност на Македонија ја знае целиот свет и е многу апсурдно за еден народ што го нема својот идентитет, во конкретниот случај се Македонците, Албанците биле многу коректни и им помагале да го градат тој идентитет и сега вие го оспорувате нашиот идентитет. Со пописот од пред 100 години не постои македонски народ, вели интернистот со селективни познавања од историјата.
Човекот кој се обиде да ја промени историјата на Струга, човекот кого Рамковниот го спречи да ги промени сите имиња на улиците во градот, кој си дозволи да не им биде градоначалник на сите стружани, денес си даде право сквернавејќи ја историјата, на македонскиот народ да му наметне вина дека е одговорен за геноцид што не се случил. Да, виновен е македонскиот народ, но не за геноцидот што не се случил, туку што им дозволува на угнетувачите денес гласно да заговараат геноцид на Македонците.
Текстот е објавен во рубриката „Личност на неделата“ во 236 број на неделникот Република, кој излезе од печат на 10 арт 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.