Најдобрата светска тенисерка и рекордерка по бројот на Грен слем титули во ВТА ерата, Серена Вилијамс го откажа учеството на Мастерс турнирот во Индијан Велс и повторно ќе ѝ ја препушти првата позиција на ВТА листата на Германката Анџелик Кербер.
Поради повредата на левото колено, Американката нема да може да ја брани титулата од минатата сезона.
– Морам да се повлечам од турнирот, бидејќи болките во левото колено не ми дозволуваат нормално да тренирам – изјави Серена.
Се шпекулира дека долги години Серена не настапуваше во Индијан Велс поради расизам, а пред две сезони повторно почна да игра во Калифорнија по пауза од 14 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.