| четврток, 6 декември 2018 |

Арсен Венгер никако да признае пораз, и по дебаклот од Баерн се обиде да најде изговор

arsen venger

Кога и да се случи Арсенал да загуби, Арсен Венгер секогаш си има „дежурен виновник“ за поразот на својот тим. Најчесто тоа се судиите, а исклучок не беше ниту вечерашниот дуел со Баерн, на кој „топчиите“ беа декласирани со пет гола во второто полувреме, а францускиот стратег вината ја посочи токму кај арбитрите.

– Судијата го упропасти мечот. Дефинитивно немавме среќа со одлуките кои никако не можам да ги разберам. Левандовски е во офсајд, тоа не го судат, па потоа му даваат пенал. За својот старт Кошиелни доби жолт картон, па потоа ја променија својата одлука и му покажаа црвен картон на нашиот капитен. Да бидам искрен, моите фудбалери покажаа и квалитет и карактер, но кога останавме со играч помалку веќе се беше готово – изјави Венгер.

Убедливиот пораз придонесе уште погласни да станат навивачите што бараат францускиот стратег да си замине од „Емирати“, па се поверојатно е дека Арсенал воопшто нема да му понуди нов договор на трофејниот стручњак и ќе почне нова ера во историјата на лонсонскиот клуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top