Реал Мадрид ја продолжува одбраната на европската круна откако „кралевите“ и на вечерашниот реванш беа подобри од Наполи, овојпат среде Италија со 1-3. Роналдо немаше свој ден, но затоа улогата на херој повторно му припадна на Серхио Рамос, кој со два прецизни удари со глава донесе пресврт откако Наполи го доби првото полувреме со 1-0. „Наполитанците“ имаат за што да жалат бидејќи имаа неколку неискористени шанси при водството од 1-0, за што беа казнети во вториот дел.
Фактот дека трибините на „Сан Паоло“ почнаа да се полнат уште четири часа пред почетокот на натпреварот дополнително ги мотивираше „наполитанците“, кои тргнаа храбро од самиот почеток. По неискористените неколку шанси, Наполи заслужено стигна до предност откако Хамшик маестрално го проигра Мертенс, а белгискиот офанзивец беспрекорно биеше во долниот агол од голот на Кејлор Навас.
И двата тима имаат за што да жалат во завршницата од полувремето, откако Роналдо промаши зицер откако го мина и Реина, но биеше само во дирекот, додека Мертенс пропушти идеална можност да зголеми на 2-0, шутирајќи во дирекот од голот на „кралевите“. Реал ја „олади“ атмосферата на стадионот во Неапол на самиот почеток од второто полувреме, кога Рамос скокна највисоко по корнерот од левата страна и го матираше Пепе Реина.
Реал Мадрид доби на самодоверба, па во 56. минута го осигура и пласманот во четвртфиналето. Во главна улога повторно беше Рамос, кој одлично се снајде по корнерот на гостинскиот тим, па со помош на Мертенс го измами домашниот голман и донесе водство на актуелниот европски шампион.
Прашањето на патникот во четвртфиналето беше решено, двата тима играа офанзивно во остатокот од средбата, а конечните 1-3 ги постави Мората во судиското продолжение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)