| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски до Спасовски: ДУИ до вчера беа корумпирани, а сега се светци? (ВИДЕО)

-Тајноста за таквиот договор меѓу СДСМ и ДУИ ги иритира граѓаните. Самата мистификација дали ќе има декларација за геноцид, двојазични пари, општини со повисоки ингеренции, двојазична војска, двојазична полиција. Тоа што е договорено кога би се објавило, ако е добро за државата, граѓаните ќе го поддржат, ако не е добро граѓаните ќе си го кажат своето мислење, истакна Милошоски вечерва во Топ-Тема на Телма и додаде дека криењето на договорот само ја зголемува тензијата во општеството.

Милошоски во емисијата му постави и директни прашања до Спасовски: ДУИ до вчера беа корумпирани, а сега се реформисти?

Ова прашање на Милошоски уследи откако Спасовски сакаше да прикаже дека ВМРО-ДПМНЕ била единствената партија на власт во последните 10 години, на што Милошоски жестоко се спротивстави и праша дали Али Ахмети и Талат Џафери биле светци или ангели.

-Али Ахмети и Талат Џафери беа во таа коалиција или не беа? И што беа тие, светци беа во коалицијата? Ангели, праша Милошоски.

Милошоски потенцира дека она што е договорено меѓу ДУИ и СДСМ треба да се обзнани, за луѓето да знаат дали гласале за такво нешто.

-Надлежностите на Иванов му ги дале директо граѓаните на избори и сега испаѓа дека претседателот Иванов помалку добива и и мисли добро на Македонија од премиерот Еди Рама, вели Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top