| четврток, 6 декември 2018 |

Србите, Ромите: Македонија е наша земја, не ни требаат туѓи платформи!

pisatel

-Чест ми е што можам да ве поздравам во име на српската заедница во Македонија, од првиот ден од независноста на Македонија, ние како заедница бевме поддршка од сите во оваа земја. И како човек и како писател овде сум иако знам дека ќе ме наречат фашист, овде македонците со право загинале за Македонија, рече писателката, Гордана Јовиќ Стојковска.
-Јас овде ја претставувам српската заедница во Македонија, иако многумина не се тука со нас, но ние овде вечерва ќе порачаме дека не ја прифаќаме платформата од СДСМ. Илјадници Срби беа убивани и загинаа во војната неодамна, после тоа не ни треба уште една една платформа и уште војни, рече таа.

На крајот од говорот таа се обрати и на својот мајчин јазик и им порача на својот народ дека оваа платформа не може да пројде и не смее да се прифати.

Пред Собранието на Република Македонија се обрати и Шукрие Усаин.

sukrie

– Сакам да кажам дека и јас сум како вас ние сме граѓани на оваа држава и секогаш ќе бидеме едно! Моето име е Шукрие и мојот дом е Македонија, таа е моја земја, како и на моите Роми, ние Македонија ја чувствуваме како наша земја каде што сме израснале. Јас немам резервна татковина, јас пред вас излегов за да кажам дека состојбата не е добра, она што ги интересира сите граѓани се повеќе среќни луѓе, зголеми плати, отворање на работни места, а не дали Македонија ќе биде двојазична или не, сите луѓе меѓу себе се разбирале на македонски јазик и така треба да продолжи и никој не смее тоа да го искорени. На македонски јазик им се обраќам на моите пријатели турци, власи, нас не ни треба платформи од туѓи држави, ни треба заедничка Македонија која ќе ја градиме сите заедни сплотени во едно, истакна Шукрие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top