СДСМ не престанува да се служи со подмолни игри со цел да ги прикаже Македонците како нетолерантникон малцинствата, односно за единственото малцинство кое му е важно на СДСМ – албанското. Нападот на Музејот на албанската азбука е токму тоа – провокација и подметнување на меѓуетнички проблеми, а осудувајќи ги, смета дека ќе добие дополнителни поени кај Албанците. Нема да изненади ако вакви инциденти има и во иднина за да се заострат меѓуетничките односи и за да се создаде негативна слика за Македонците пред македонската и странската јавност.
Локалните медиуми уште утрово јавија дека околу 4 часот оштетена е фасадата, влезната врата и еден прозорец од објектот на Националната установа Музеј на албанската азбука со седиште во Битола.
Од СВР Битола посочуваат дека настанот е регистриран и поставено е обезбедување на објектот со цел непречено да се изврши истрагата за овој случај.
Според првичните податовци на СВР Битола, утрово во 4 часот непознати лица фрлиле Молотови коктели и притоа ги оштетиле влезната врата и прозорецот на вториот кат од Музејот, како и спомен-плочата на Музејот. Повеќе детали околу истрагата ќе бидат соопштени по добивањето на конкретни информации.
Во текот на вчерашниот ден некои медиуми објавија смс со насока од централата во која СДСМ им порачува на своите членови да се фокусираат со најомразувачки коментари од албански профили кон граѓаните кои секојдневно протестираат и партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.