| четврток, 6 декември 2018 |

Новото ремек-дело повторно дел од најдобрите голови во Јапонија (видео)

david babunski

Македонскиот репрезентативец, Давид Бабунски, иако има одиграно само два првенствени меча за новиот клуб, Јокохама, веќе стана еден од клучните играчи на тимот, како и миленик на домашната публика.

Македонската надеж и на два меча ги тресеше противничките мрежи и тоа двата гола беа вистински ремек-дела. На саботниот меч против Сапоро, Бабунски повторно потсети дека поседува раскошен талент и на феноменален начин со лева нога го совлада гостинскиот голман. Овој нов гол како и претходниот, доби место во најдобрите пет на колото во јапонската Џеј лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top