| четврток, 6 декември 2018 |

Кошмарно деби за Богут во Кливленд! (видео)

endru bogut

Ендрју Богут беше доведен во Кливленд како значајно засилување кое би помогнало во одбрана на титулата. Сепак, австралискиот центар мина само 58 секунди во дресот на кавси пред да заработи тешка повреда.

Тој остана да седи на теренот, веднаш сугерирајќи дека повредата не е нималку наивна. Откако соиграчите Џејмс Џонс и Тристан Томпсон му помогнаа да се упати кон соблекувалната, врз Австралиецот потоа беа извршени првични тестови кои покажаа дека станува збор за скршеница на коска во ногата.

Богут нема да може да настапи до крајот на регуларниот дел од сезоната, а постои минимална шанса да се врати за завршицата на плеј-офот, ако Кливленд стигне до борбата за титулата. Неговата повреда е уште еден во низата проблеми за Кливленд, откако шампионот во текот на целата сезона се соочува со здравствени проблеми на голем дел од ростерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top