| четврток, 6 декември 2018 |

„Волво“ оди во историјата – светски брендови кои нема да ја преживеат 2014-та

Секоја година порталот „24/7 Волстрит“ објавува листа на познати светски брендови за кои по темелно воспоставени критериуми, како споредба на продажбата и губитокот, ситуацијата во компанииите „ќерки“, трошоците и цената на производот, процениле дека наскоро би можеле да исчезнат од пазарот, барем оној американскиот.

Според нив, помеѓу брендовите кои ќе „изумрат“ во 2014 година се најдоа и познатио шветски производител на автомобили „Волво“, чии автомобили од средна класа, се едноставно премали за американците.

Од автомобилската индустрија „црно му се пишува“ и на „Мицубиши Моторс“, чии возила според  „24/7 Волстрит“, се најскапи, а најнесигурни.

Дигиталните камери на познатиот „Олимпус“ исто така се најдоа на оваа листа на фирми на кои им прети истребување. Виновни за ова се новите мобилни телефони кои имаат вградено камера со многу подобра резолуција и произведуваат квалитетни фотографии, со што употребата на фотоапарати е сведена на минимум.

Во криза е и Женската професионална кошаркарска лига (WNBA), основана во 1996 година и која иако засега има 12 тимови, има недостаток на публика. Преносите на натпреварите не се гледани, па спонзорите се повеќе ги напуштаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top