| четврток, 6 декември 2018 |

Грција го избра својот претставник за годинашната „Евровизија“ (Видео)

На 69. Избор за песна на „Евровизија“, што ќе се одржи во мај во Киев, Грција ќе ја претставува пејачката Деми со нумерата „This is Love“.

Грчкиот претставник на годинашната „Евровизија“ беше избран синоќа на посебна емисија во Атина.

Победникот беше избран со телефонско гласање и со жири. Телефонското гласање учествуваше со 70 отсто од вкупните гласови, а другите 30 проценти гласови ги определи жири составено од Грци што живеат во Австрија, Азербејџан, Белгија, Германија, Грузија, Италија и во Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top